Од 2020 година руската армија почнува масовно да ги прима ловците од петтата генерација Су-57

Сергеј Бобиљев/TASS
На форумот „Армија-2019“ руското Министерство за одбрана склучи нов договор со авиопроизводителот кој се однесува на испорака на 76 ловци Су-57 за единиците на ВКС.

Првите масовни испораки на перспективните повеќенаменски ловечки авиони од петтата генерација Су-57 ќе започне следната година.

Ова за Интернет-порталот ТАСС го изјави генералниот директор на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов. Тој додаде дека во следната година се планира понатамошна стабилизација на авиоиндустријата кога станува збор за актуелните договори и проекти. Воздушно-космичките сили (ВКС) со нетрпение го очекуваат почетокот на испораката на ловецот Су-57.

Договорот за испорака на првите два сериски ловци Су-57 пред една и пол година беше потпишан помеѓу руското Министерство за одбрана и компанијата „Сухој“. Вкупниот договор подразбира испорака на 15 вакви летала. На форумот „Армија-2019“ военото министерство склучи нов договор со авиопроизводителот кој се однесува на испорака на 76 ловци Су-57 за единиците на ВКС.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација, развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар задачи кои можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување апсолутна воздушна надмоќ над територијата на која се изведуваат активни борбени дејствија, уништување најразлични копнени цели и површински бродови засилени со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и надзор на воздушниот простор на големи растојанија, уништување на командната инфраструктура на непријателот итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња