Актуелно: Бројот на крстосувачки ракети на руските фрегати ќе се зголеми за трипати

Слободан Ѓукиќ
Северното проектно-конструкторско биро (ПКБ) во Санкт Петербург изработи проект за модернизираните ракетни фрегати од класата 22350М. Главната карактеристика ќе биде зголемувањето на просторот за вооружување со што ќе може да се сместат трипати повеќе крстосувачки ракети, одошто на бродовите д базичната класа 22350. Имено, вкупниот борбен комплет на далекострелни ракети од 16 ќе биде зголемен на 48 проектили.

„Изградбата на главниот брод според новиот усовршен проект може да започне веќе следната 2020 година“, изјави за информативната редакција ТАСС првиот човек на Обединетата бродоградна корпорација (ОСК) Алексеј Рахманов. Тој додаде дека во овој момент во функција се наоѓа главниот брод од класата 22350 „Адмирал Горшков“. Првиот сериски брод „Адмирал Касатонов“ се наоѓа во фаза на завршни државни тестирања, додека уште четири брод од оваа класа се наоѓаат во изградба. Но, потребите на руската морнарица се многу поголеми и изискуваат изградба на десетина вакви пловила, заклучува првиот човек на ОСК, а пренесува Интернет-порталот РГ.

Базичната верзија на класата бродови 22350 ќе има депласман од 5.400 тони. Погонската сила што ја генерираат гасните турбини може да постигне 50.000 коњски сили, и тие му овозможуваат на бродот без дополнително полнење гориво да мине 4.500 наутички милји (секако ова се однесува на економична маршова брзина на пловење). Максималната брзина на бродот при форсажна работа на моторот достигнува 34 јазли (околу 65 километри на час). Тоа е респектабилно за борбен брод кој во своето вооружување има артилериски систем А-192 „Армат“, потоа противбродските верзии на ракетите „Оникс“ и „Калибр“. Противвоздушната одбрана ќе ја обезбеди ракетниот систем „Полимент-Редут“. Станува збор за први поголеми надводни пловила кои се изградени во постсоветско време. За време на нивната конструкција и на самата изработка, променети се најновите достигнувања од областа на бродоградбата.

Кога станува збор за ракетните фрегати на зголемената класа 22350М засега не постојат многу податоци за нејзините карактеристики. Според воените експерти, таа според своите димензии ќе биде мошне поголема од својот претходник. Се споменува дека нејзиниот вкупен депласман ќе изнесува цели 7.000 тони, што ги надминува стандардите кои се поврзани за ваквиот вид бродови. Ова ќе отвори дополнителен простор за интеграција на најсовремените борбени техники и вооружување. Може да се очекува дека бродовите ќе бидат вооружени со перспективни крстосувачки ракети со хиперсонични карактеристики, како и со најновата модификација на ракетата „Калибр-М“ со продолжен дострел

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња