Русија планира до 2040 година да развие стратешки бомбардери од шестата генерација кои целосно ќе претставуваат беспилотни летала. Ова го изјави командантот на Стратешката авијација на ВКС на РФ и Херој на Русија, генерал-полковник Сергеј Кобиљаш, а пренесе веб-портал РИА „Новости“.
„Очекувам дека до 2040 година ќе биде направен стратешки бомбардер од шестата генерација, кој ќе биде беспилотно летало“, рече рускиот генерал во интервју за весникот МК.
Тој исто така истакна дека понатамошниот развој на стратешката авијација ќе биде насочен не само преку модернизација на постојните бомбардери Ту-160, Ту-95МС и Ту-22МЗ со цел ефикасно да се продолжи нивниот животен век, туку и преку развој на сосема нови, перспективни летала за стратешка намена, кои ја претставуваат петтата генерација на воздухоплови.
„Новиот бомбардер ќе биде субсонично борбено летало“, рече рускиот генерал.
Неодамна заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Алексеј Криворучко истакна дека перспективниот воздухопловен комплекс за стратешка намена (ПАК ДА) ќе влезе во вооружувањето до крајот на 2027 година.
Новиот бомбардер-ракетоносец ќе ги замени бомбардерите на стратешката авијација, како што се Ту-22М, Ту-95 и Ту-160. ПАК ДА е проектиран врз основа на аеродинамична шема „летачко крило“ со максимална употреба на стелт-технологија, која ќе му овозможи да биде невидлив за непријателските радари. Станува збор за субсонично летало, со основна задача да го внесе авионот во простор од каде безбедно ќе се лансира ракета која ќе поседува елементи на вештачка интелигенција. Во зависност од тактичката ситуација, ракетата за време на летот самостојно ќе го одредува својот правец и формата на маршрутата до целта.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче