Првиот контингент на ПВО-системот С-350 „Витeз“ испорачан на Министерството за одбрана на Русија

Wikipedia

„Алмаз-Антеј“ му го испорача на Министерството за одбрана на РФ првиот комплет на новиот противвоздушен систем со среден дострел С-350 „Витeз“, сoопшти информативната служба на концернот, а пренесе  РИА „Новости“. Церемонијата на примопредавањето на современата техника беше извршена на 22 декември на полигонот Капустин Јар во Астрахањската област.

С-350 „Витeз“ претставува ракетен систем со среден дострел и спаѓа во орудијата од нова генерација. Развиен е од познатиот концерн „Алмаз-Антеј“. Се употребува за борба против широк спектар воздушни објекти на далечини до 60 км. Притоа ракетата може да собори цел која се движи на висина до 30 км. Системот може подеднакво ефикасно да се употреби против аеродинамични, но и балистички цели. Една лансирна единица на ракетниот систем С-350 „Витeз“ е вооружена со 12 ракети (9М100 и 9М96) со мал и среден дострел. Треба да се напомне дека руските конструктори за овој систем ја развија и ракетата 9М96Е2 која има двојно поголем дострел во далечина од стандардните ракети. Нејзиниот максимален дострел изнесува 120 км. Во план е овој систем да ги замени основните верзии на системите БУК и С-300 кои се наоѓаат во вооружувањето на руската армија.

Новиот систем со среден дострел ќе обезбеди далеку поголема огнена моќ за единиците за ПВО во борбата против непријателот. Сега само еден ракетен дивизион С-350, кој во основа се состои од осум лансирни единици, во својот состав ќе има 96 ракети, наместо 32 ракети, како што е случајот со системите С-300ПС. Ова, во содејство со современиот радарско-набљудувачки комплекс ќе обезбеди способност за заштита од масовни удари на условниот непријател, кој се проектира со употреба на голем број бомби, крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Неговата фаза на развој беше завршена во првата половина на оваа година, а до крајот на јуни комплетираната техника беше претставена на Меѓународниот воено-технички саем „Армија-2019“ во подмосковскиот парк „Патриот“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња