Топење на сибирски глечер снимено од вселената

Global Look Press
Глечерот што се спушта во морето се претвора во огромна ледена струја.

Американски научници снимија од вселената како глечерот Купола Вавилов, кој се наоѓа на еден од островите на архипелагот Северна Земја, северно од полуостровот Тајмир, тоне под вода.

Истражувачите направија видео модел заснован на снимките и го објавија на „Јутјуб“. Глечерот од 2013 година изгубил речиси 9,5 милијарди тони мраз, што изнесува околу 11 отсто од неговата маса, притоа нагло зголемувајќи ја брзината на движење.

Сепак, последните набљудувања ги наведоа научниците на помислата за почеток на нов процес, односно неговото претворање во леден тек.

Претходно се сметаше дека се работи за две различни појави, додека сега истражувачите претпоставуваат дека овие метаморфози би можеле да ги зафатат и другите глечери. Заклучоците ги загрижија научниците. Прогнозите за покачување на нивото на Светскиот океанот судејќи според сé ќе мора да бидат ревидирани.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња