Путин: Силната математичка школа е нашата предност во понатамошниот развој

Сергеј Гунеев/Sputnik
„Мислам дека вештачката интелигенција е најважниот правец на нашиот развој, прашање на нашата национална безбедност и опстанокот на руската држава“, вели Путин.

„Примената на вештачка интелигенција веќе можеме да ја видиме во банкарскиот сектор. „Сбербанк“ постојано воведува нови дигитални технологии во работењето со клиентите. Ние претставуваме сериозна конкуренција благодарение на нашата развиена математичка школа, бидејќи математиката е основата на дигиталните технологии“, рече Путин на големата прес-конференција во Москва.

Вештачката интелигенција во Русија не се развива само во банкарскиот сектор. „Некаде напредувавме, некаде не направивме доволно, но има и очигледни резултати. На пример, беспилотниот транспорт: нашите возила „Јандекс“ и „КамАЗ“ веќе поминаа преку милион километри. Тоа сè уште се применува на ограничен простор, но тоа се првите чекори без кои развојот е невозможен“, додаде Путин.

Вештачката интелигенција ќе најде примена во сите сфери на животот, сигурен е тој. „Јас и понатаму мислам дека тоа е најважниот правец на нашиот развој, прашање на нашата национална безбедност и опстанокот на руската држава, бидејќи можностите на вештачката интелигенција ќе влијаат и на одбраната и на темпото на економскиот развој“, објасни Владимир Путин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња