Нуклеарна стража: Руското Министерство за одбрана објави видео по повод 60 години од Ракетните сили

Скриншот, Youtube на Министерството за одбрана на РФ
Министерството за одбрана на Русија објави видео посветено на јубилејот на Ракетните сили за стратешка намена.

Пред точно 60 години, со одлука на Советот на министри на СССР, од Артилеријата на Советската армија се издвои нова вид на вооружени сили: Ракетни сили за стратешка намена.

Во тој момент, најновото и најмоќното оружје на Ракетните сили за стратешка намена беше едностепената балистичка ракета со среден дострел Р-12. Нејзиниот максимален дострел беше малку повеќе од 2000 километри. А ракетните полкови можеа да се набројат на прстите од едната рака.

Денес Ракетните сили за стратешка намена поседуваат еден од најмоќните нуклеарни арсенали на светот.

Во неговиот состав има седум типови на стратешки системи.

Јубилејниот видеоклип го прикажува лансирањето на некои интерконтинентални балистички ракети. Меѓу нив се „Јарс” и „Топол-М”.

Деновиве, командантот на Ракетните сили за стратешка намена на Русија, генерал-полковник Сергеј Каракаев, рече дека до 2024 година сите советски ракетни системи ќе бидат заменети со најновите „Јарс”, „Авангард” и „Сармат”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња