Се појави снимка од првото боево лансирање од новиот „Искандер“ (ВИДЕО)

Скриншот
Ракетниот комплекс „Искандер“ што учествуваше во оваа вежба дури неодамна беше произведен и доставен до единиците на Западниот воен округ, поточно до Курската ракетна бригада. Оваа бригада го усвои ова средство во вооружувањето на 2 декември оваа година.

На боевото лансирање му претходеше марш до огнената позиција во услови на нуклеарен напад со цел возвратен удар врз подвижна колона на непријателот, рекоа од информативната служба на Западниот воен округ (ЗВО). Оклопно-механизираните заштитници кои го покриваат ракетниот комплекс изведоа акција за блокирање на оваа колона, каде што со оган од сите расположиви средства ги уништија точките на отпор на условниот непријател, пренесува веб-порталот РГ.

Вежбата беше реализирана во текот на викендот, а заврши со успешно лансирање на балистичка ракета 9M723 која ја погоди одредената цел. Вкупно во овие вежби беа ангажирани неколку стотици единици вооружување и воена техника и војска со јачина на ракетна бригада (1000-1200 војници).

Ракетниот комплекс „Искандер“ што учествуваше во оваа вежба дури неодамна беше произведен и доставен до единиците на Западниот воен округ, поточно до Курската ракетна бригада. Оваа бригада го усвои ова средство во вооружувањето на 2 декември оваа година.

„Системот е целосно автоматизиран. Значително го зголемивме оперативниот дострел на нашето дејство, како и бројот на ракети по една лансирна единица“, рече командирот на ракетниот дивизион мајор Дмитриј Лагодни. На командирот на ракетната батерија, исто така, му се допаднала и внатрешноста на командниот пункт на овој комплекс, кој за разлика од претходните системи „Точка“ е многу поудобен за употреба (далеку поквалитетен простор за екипажот и напреден систем за климатизација).

„Во ракетниот систем „Точка“ беше тесно како во оклопен транспортер“, рече командирот на ракетната батерија поручник Алексеј Решетников.

¹Квазибалистичката ракета 9M723 се одликува со исклучително голема брзина на лет. Се карактеризира со променлива траекторија, така што претставува многу изискувачка цел која е многу тешка за соборување со системите на ПРО. Ракетата е способна за маневрирање во висина и правец при брзина поголема од 7500 км/ч. Притоа таа трпи оптоварување и до 30G. Во текот на летот може да достигне висина и до 100 км. Нејзиниот максимален дострел изнесува 500 км. На таа далечина нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри (сателитско наведување).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња