Дежурните ловечко-пресретувачки ескадрили кои го обезбедуваат воздушниот простор на Руската Федерација во последните седум дена извршија пет борбени полетувања со цел пресретнување на извидувачки авиони на НАТО. Овој податок го пренесе информативниот портал ТАСС, повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана.
Беше детектирани вкупно 21 летачки објект во извидувачки активности. Овие објекти се движеа во непосредна близина на рускиот воздушен простор. Според руското Министерство за одбрана, на ниту едно од овие летала не му е дозволено да го повреди воздушниот простор на Руската Федерација. Со таа цел се употребени дежурните парови авиони-ловци, кои на време ги пренасочиле откриените „натрапници“ на регуларната траекторија на летот.
Министерството за одбрана на РФ потсети дека изминатата недела на 48 оперативни воени аеродроми се извршени 139 дежурни работни смени во рамките на борбената обука на пилотите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче