Русија: Топовите што се одликуваат со висока густина на стрелба усвојуваат „пластична“ граната

Слободан Ѓукиќ
Примената на новата муниција ќе го намали механичкото абење на цевката на автоматскиот топ. На тој начин ќе се зголеми животниот век на топовските цевки за најмалку двапати. Покрај тоа, гранатите произведени на овој начин ќе обезбедат висока стабилност на балистичките карактеристики на проектилот во различни услови на експлоатација.

Муницијата ќе се произведува во калибар 30 мм и ќе се состои од пластични елементи. Артилериските единици на Копнените сили ќе ја добијат новата генерација на гранати во првиот квартал на наредната година. Муницијата ги помина сите потребни тестови и е подготвена за усвојување. Ова за веб-порталот ТАСС го изјави Владимир Лепин, генерален директор на концернот „Техмаш“, кој ја разви новата муниција.

Примената на новата муниција ќе го намали механичкото абење на цевката на автоматскиот топ. На тој начин ќе се зголеми животниот век на топовските цевки за најмалку двапати. Покрај тоа, гранатите произведени на овој начин ќе обезбедат висока стабилност на балистичките карактеристики на проектилот во различни услови на експлоатација.

Се проценува дека новата муниција ќе најде примена кај автоматските топови кои се карактеризираат со голема густина на стрелба. Тие се дел од артилериските ПВО-системи на бродовите, а со нив обично се вооружени и борбените воздухоплови.

„Пластичната“ муниција својата употреба ќе ја најде и кај ловците од петтата генерација Су-57 со која ќе се „храни“ неговиот основен топ со калибар 30 мм. Се работи за топот 9-А1-4071К, кој претставува модификација на познатиот воздухопловен топ ГШ-30-1 кој се наоѓа  во вооружувањето на повеќенаменски ловци МиГ-29 и Су-27 и нивните подоцнежни модернизирани варијанти.

Оваа муниција ќе се произведува во различни варијанти и ќе има своја примена во зависност од типот на борбениот систем. Така, за артилериско-ракетните ПВО-средства инсталирани на површинските бродови, ќе се произведува фрагментарно-разорно-запалив и фрагментарно-обележувачки проектил, додека за опремување на воздухопловните топови ќе биде обезбеден фрагментарно-разорно-запалив, панцирно-обележувачки и проектил составен од повеќе елементи.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња