Арктички штит: Заполарјето ќе биде заштитено со „Триумфи“

С-300ВМ на северот на Русија

С-300ВМ на северот на Русија

Министерство за одбрана на Руската Федерација
Сите арктички дивизиони за ПВО кои се наоѓаат во рамките на Северната флота во наредниот период ќе бидат опремени со ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“. Ова го изјави командантот на Северната флота и Херој на Русија, вицеадмирал Александар Моисеев.

На тој начин над рускиот дел на Северниот пол ќе се формира непробоен противвоздушен штит. Благодарение на оваа техника, Заполарјето ќе биде заштитено практично од сите видови воздушно оружје, без оглед дали се во прашање авиони, крстосувачки или балистички ракети.

„Ние вршиме зајакнување на нашите ракетни и радио-технички сили благодарение на новата техника. Оваа година, во вооружувањето на противвоздухопловниот ракетен полк, распореден на Нова Земја, влегоа ПВО-системи со голем дострел С-400“, рече командантот на Северната флота, пренесува РИА „Новости“.

Вицеадмиралот Александар Моисеев зборуваше и за процентите на современата борбена техника што се наоѓа во оперативното вооружување на овие единици. Овие единици во просек се опремени со 60% средства на вооружување кои можат да се сместат во техника од последната генерација. Кога, на пример, се зборува за степенот на опременост на оклопно-механизираните единици, овој процент е уште поголем.

Во септември се дозна дека ракетниот полк на Нова Земја добил нови ПВО/ПРО ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“. Инаку, овој состав стапи на борбено дежурство во 2015 година. Во неговото вооружување последните четири години се наоѓаа ракетни системи од претходната генерација С-300, кои и понатаму се во употреба.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња