Руски вселенски товарен брод донесе новогодишни подароци на Меѓународната вселенска станица

Роскосмос
Товарниот брод „Прогрес“ донесе на станицата бензин, опрема и разни други товари.

Рускиот товарен вселенски брод „Прогрес МС-13“со новогодишни подароци за космонаути се поврза со Меѓународната вселенска станица. Спојувањето се случи во 13:36 часот по московско време. Видео-преносот го реализираше државната корпорација „Роскосмос”.

Ракетата „Сојуз-2.1а“ беше лансирана со товарниот брод „Прогрес“ во петокот. Бродот донесе на Меѓународната вселенска станица 2480 килограми товар, вклучувајќи 1360 кг сув товар, 50 килограми воздух и кислород, 650 килограми гориво и 420 килограми вода за пиење. Освен тоа, товарот содржи и новогодишни подароци за членовите на екипажот, пренесува ТВ „Ѕвезда“. 

„Прогрес МС-13” е третиот товарен вселенски брод испратен до Меѓународната вселенска станица во 2019 година.

„Сојуз-2“ го сочинува семејство ракети-носачи со три степени од средна класа. Масата на полезен товар што ракетата може да го достави во ниската Земјина орбита е од 2800 до 9200 килограми, во зависност од верзијата и точката на лансирање.

Погледнете повеќе: Ракета-носач „Сојуз 2.1в“ изнесе во орбитата воен сателит (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња