Неодамна најновиот систем за маскирање на Су-57 беше забележан и на американски ловци Ф-16, кои се дел од специјалната тренажна ескадрила за обука на борбени пилоти. Овие авиони во воздухопловните воени треба да играат улога на „спаринг партнер“ заради создавање визуелна навика кај американските пилоти за потенцијалниот непријател во воздухот.
Според информациите на воздухопловниот веб-портал The Аviationist, засега не е јасно дали станува збор за нов систем на камуфлажа што официјално го усвоило шведското ВВ или станува збор за слична приказна како во американскиот случај. Познато е дека во последно време највисоките шведски официјални лица кои доаѓаат од одбранбениот сектор, како и офицерите, мошне негативно го следат развојот на модерната руска армија, па можно е тие да формирале посебна група авиони за симулација на воздушна борба со руски ловци.
Така пред извесно време командантот на ВВ на Шведска Матс Хелгесон изјави дека шведските ловци Gripen E би ги победиле руските ловци „Сухој“ (Су-27, Су-30СМ, Су-35) во хипотетичка воздушна битка.
„Грипен“, поточно неговата модернизирана верзија „Е“ е конструирана да уништи серија руски авиони произведени од концертот „Сухој “. Направивме ловец кој поседува црн појас за таков вид борба“, категоричен е командантот на шведското воено воздухопловство Матс Хелгесон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче