Голема руска колона составена од разни борбени и неборбени возила се упати кон крајниот североисток на Сирија, пренесува арапската редакциja на телевизијата RT. Судејќи според сѐ, главната цел на ова движење е аеродромот Ел-Камишли што се наоѓа во провинцијата Хасака. Во текот на целата маршрута, колоната од воздух е покриена од борбени хеликоптери Ми-8АМТШ и Ми-24ВМ, во координација со специјалните сили.
Територијата низ која минува комуникацијата М-4 е сè уште релативно кревка, поради големиот број на разни милиции кои продолжуваат да бидат присутни во областа.
Што се однесува до борбениот дел на оваа колона, кој имаше функција за нејзино обезбедување, забележани се оклопни автомобили Iveco LMV „Рис“ и „Тигар-М“, оклопно возило „Тајфун-К“, како и борбени транспортери БТР-82А. Колоната се состоеше од голем број транспортни камиони КамАЗ и „Урал“, а забележани се и тешки тегначи БАЗ-6909. Тие транспортираа специјални контејнери за престој на трупите на подрачје каде нема соодветна инфраструктура, мобилни кујни, како и цистерни со гориво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче