„Интерфакс“: До крајот на овој месец во Србија пристигнуваат ПВО-системите „Панцир-С“

Министерство за одбрана на Руската Федерација
Русија до крајот на овој месец ќе испрати неколку единици на ПВО-комплексот „Панцир-С“.

Како што пренесува порталот Mars.online, оваа вест на агенцијата „Интерфакс“ ѝ ја пренел соговорник од воените структури.

Тоj cоговорник на агенцијата на 17 октомври годинава пренесе дека двете држави потпишале купопродажен договор за набавка на овие системи. Два дена подоцна истата информација ја потврди и рускиот вицепремиер Јуриј Борисов. На 25 октомври оваа година претседателот на Република Србија соопшти дека во краток временски рок се очекува набавка на системи „Панцир-С“.

Руската Федерација не очекува раскинување на овој договор поради можните економски санкции што САД би можеле да ѝ ги наметнат на оваа земја, истакна Борисов, додавајќи дека Србија е сигурен партнер.

96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.

Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња