Српски Ми-35М во кругот на фабриката „Росвертол’“
Marsonline (bog-rata.com)Леталата се испорачани пред договорениот рок, пренесува српски „Спутник“. На почетокот беше предвидено да бидат испорачани до април следната година, но, сè беше реализирано неколку месеци порано.
Ми-35М претставува модернизација на ударниот хеликоптер Ми-24В/ВП со цел подобрување на летечко-техничките и експлоатациските карактеристики на леталото, како и значително надградување на офанзивно-навигацискиот комплекс што може да користи проширен асортиман на убоен товар. Оваа модификација ја доби ознаката Ми-24ВМ (експортна верзија Ми-35М).
Хеликоптерот се карактеризира со пософистицирана структура на хеликоптерската елиса добиена со употреба на специјални композитни материјали на база на фиберглас/стаклопластика, која исто така беше применета и во случајот со ударниот хеликоптер од нова генерација Ми-28Н. Потоа, значително е подобрен и проширен асортиманот на високопрецизното оружје, како и офанзивно-навигациониот комплекс. Овие технолошки постапки обезбедија и продолжување на работниот век на хеликоптерот и до 15 години.
Применетите технолошки процедури во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М) севкупно ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури 2 пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче