Хрватските медиуми го фалат рускиот „Панцир-С1“: ОАЕ поседува 50 од овие „машини“, а го има и Србија

Хибридниот ПВО-систем „Панцир-С“ на аеродромот Батајница

Хибридниот ПВО-систем „Панцир-С“ на аеродромот Батајница

Скриншот
За време на неодамна одржаниот Dubai Air Show-2019 во Обединетите Арапски Емирати, безбедноста на одржувањето на една од најголемите изложби во воздухопловството ја гарантираше рускиот противвоздухопловен систем „Панцир-С1“, кој таа арапска држава го набави од Москва во периодот 2009-2013 година. Вашингтон е многу загрижен од продорот на руската воена технологија на пазарот на пребогатите заливски монархии. Овој систем се наоѓа и на Балканот, во вооружувањето на Војската на Србија.

Потврда дека небото над Дубаи го чуваа руски противвоздухопловни  системи ја даде за време на саемот помошникот на заменик-министерот за одбрана на ОАЕ, генерал Абдулах ал Хашеми. Тоа е квалитетен систем во однос на неговиот радиус на дејство кој ги исполнува нашите барања, оцени Ал Хашеми, пренесува хрватскиот интернет-портал tportal.hr.

Обединетите Арапски Емирати купија од Русија 50 примероци на ПВО-системот „Панцир-С1“ по цена од 800 милиони американски долари, вклучително и 1000 ракети за нив. Токму за време на воздухопловната изложба беше договорено да се продолжи соработката во форма на надградба на веќе постојните системи „Панцир-С1“, што за руските медиуми го потврди првиот човек на Руската Федерална служба за воена и технолошка соработка Дмитриј Шугаев.

Продолжувањето на воената соработка помеѓу Абу Даби и Москва со право го загрижи Вашингтон бидејќи Обединетите Арапски Емирати најавија можност за купување руски повеќенаменски ловци од генерацијата 4++ за остварување воздушна моќ Су-35, а за кои е заинтересиран и Катар. Ловечката авијација на двете арапски држави, патем, се состои од авиони од западно потекло, главно американски и француски, а во последно време тие сѐ повеќе се заинтересирани за набавка на руска воена техника.

Системот „Панцир-С1“ е противвоздухопловен систем вооружен со ракети од класата „земја-воздух“ од комбиниран краток и среден дострел и претставува најнова технологија за противваздухопловна одбрана. Станува збор за хибриден артилериско-ракетен систем, кој покрај ракети, е вооружен и со два топа со калибар 30 милиметри, набљудувачки и нишански радар и со оптоелектронски блок за надгледување и управување со огнот.

Поставен е на камион од руско производство Урал 5223 и во контејнерска форма многу лесно се монтира и на некоја друга платформа, како што е корпус на оклопен транспортер или помал брод.

Основната намена на системот е заштита на важните точки како што се аеродроми, командни пунктови и комуникациски јазли, а е замислен за одбрана од авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети, беспилотни летала и наведувани бомби. „Панцир-С1“ може да дејствува и против копнени цели како што се тенкови, оклопни носачи, борбени возила на пешадијата и слично.

Системот е конструиран во Инструментално-проектното биро КБП Тула, а се произведува во Улјановск. Производителот посочува дека системот е целосно отпорен на пречки поради мултиспектралниот радар и оптичкиот систем кој работи во дециметарска, сантиметарска, милиметарска и инфрацрвена бранова мрежа.

Покрај Русија и ОАЕ, со овој систем се вооружени Алжир, Етиопија, Екваторијална Гвинеја, Иран, Ирак, Јордан, Оман, Србија, Сирија и Виетнам, а едно време и Бразил беше заинтересиран да го набави.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња