Овој „единствен примерок од својот вид“ беше откриен во 2017 година во Челјабинск. Еден тамошен корисник на социјалната мрежа ВК соопшти дека возилото е пронајдено во стара гаража што ја купил надвор од градот. Новиот сопственик на ова амфибиско возило му го даде името Арго. Пролетта 2019 година автомобилот беше изложен во московската Галерија на олдтајмери, на изложбата на необични стари автомобили. Кој го направил ова чудо и зошто?
Теренското возило на осум тркала го конструираше инженерот Максим Мелниченко. Тој работеше во Челјабинската фабрика за трактори и го направи ова „ремек-дело“ во текот на 1960-тите години (или, според други извори, во текот на 1950-тите). Велат дека Мелниченко бил страстен ловџија и честопати се пробивал низ уралските шуми. Очигледно, меѓу колегите пронашол неколку истомисленици и го направи овој необичен автомобил за движење во дивината. „Аждерот“ е направен врз основа на популарниот ГАЗ М-20 „Победа“.
Интересно е што автомобилот е конструиран на принципот на зглобен трактор (не е ни чудо, направен е во фабрика за трактори). Моторот модел ГАЗ и хидрауличната пумпа се наоѓаат во задниот дел на каросеријата. Единствената врата е од предната страна.
„Арго“ има хидростатичка трансмисија што му овозможува да се движи низ водата. Сите тркала имаат хидраулични мотори. Возилото всушност има погон на сите осум тркала, и на секој пар може да се монтираат сопирачки. Добра идеја, нели?!
На прв поглед се чини дека „Арго“ е огромен, но тоа е илузија. Долг е 4,53 метри, широк 1,9 метри и висок 1,49 метри, но тежи само 1,5 тон!
Возилото се состои од два херметички затворени секции, изработени од дуралуминиум, т.е. многу цврста легура н алуминиум. Деловите се споени со „жабри“, така што „Арго“ неодоливо потсетува на „стимпанк“ фантастика.
Руските медиуми пишуваа (повикувајќи се на вработените во фабриката) дека возилото е правено во тајност и за тоа знаеле само поединци. Други претпоставуваат дека всушност никој во фабриката не знаел за кое возило се правени хидрауличните мотори на секое тркало. Не се знае ни зошто возилото не беше пуштено во сериско производство.
Судејќи според сѐ, претходните сопственици на челјабинската гаража што ја купи Мелниченко ги мрзело да го однесат возилото во отпад. „Арго“ потоа неколкупати ги менувал сопствениците, сè додека не доспеа во рацете на анонимни љубители на технологијата, така што последен пат беше забележан во Галеријата на олдтајмери. Кој знае, можеби еден ден ќе биде комплетно сервисиран и обновен?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче