Волк или пес:Извонредно зачуваното младо старо 18 илјади години и понатаму ги буни научниците (ФОТО)

Сергеј Фјодоров/Североисточен федерален универзитет во Јакутск
Во вечниот мраз во близина на Јакутск е сочувано цело тело на младо, неговата муцка, па дури и мустаќите и трепките! Научниците од центарот за палеогенетика со најголема ДНК-база во Европа од сите видови кучиња од целиот свет не можеа да го идентификуваат животното. Постои претпоставка дека младого не му припаѓа ниту на волкот, ниту на кучето, туку на посебно животно кое било преодна фаза.

По ДНК-анализата на претходно пронајденото сибирско младо старо 18000 години, и понатаму е неизвесно дали се работи за волк или куче.

„Старо е 18 илјади години! Досега двапати го секвенциравме неговиот геном. Но, сè уште не можеме да кажеме дали е тоа волк или куче. Можеби некој заеднички предок? Потребни се понатамошни анализи!“, вели рускиот истражувач Сергеј Фјодоров.

Машкото младо имало помалку од два месеци кога угинало.

Неговите остатоци беа пронајдени летото 2018 година во замрзната земја во близина на реката Индигирка, североисточно од Јакутск. Во вечниот мраз е зачувано целото тело на младото, неговата муцка, па дури и мустаќите и трепките.

Причината за смртта на младото сè уште не е утврдена, иако неговата положба не укажува на драматична состојба, за разлика од претходно пронајдените кученце на туматски пес.

Првото секвенционирање на геномите, спроведено од шведскиот Центар за палеогенетика, ги изненади научниците со тоа што не е утврдено дали станува збор за куче или волк. Професорот по еволуциона генетика Лав Дален рече дека обично уште првите ДНК-тестови покажуваат за каков вид животно станува збор. Шведскиот центар има најголема база на ДНК во Европа од сите видови кучиња од целиот свет, но сепак во овој случај не можеа веднаш да го идентификуваат животното.

„Тоа е многу интересно. Што ако се работи за пес? Не можеме да ги дочекаме резултатите од понатамошните тестирања“, вели Сергеј Фјодоров од Институтот за применета екологија на Северот во Јакутск.

Постои претпоставка дека младото не му припаѓа ниту на волкот, ниту на куче, туку на посебно животно кое било преодна фаза помеѓу волк и куче.

Праисториското сибирско младо го доби името Догор, што на јакутски значи „пријател“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња