Проектот за развој на нова снајперска пушка со голем дострел го носи називот ORSIS-375CT. Оваа снајперска пушка ќе може прецизно да погоди цел на далечина и до 2000 метри, за разлика од 1500 метри, што беше случај со пушката Т-5000 „Точност“, пренесува порталот Mars.online.
Како што за веб-порталот РИА „Новости“ изјави Владимир Злобин, директорот на компанијата што ја развива, новата верзија на пушката ќе користи муниција со калибар .375 Cheytac (9,5 x 77 мм). Сериското производство на новата модификација на Т-5000 ќе започне во 2020 година. Треба да се истакне дека за оваа пушка има силен интерес во светот. Компанијата веќе ги доби првите барања за купување на оружјето од странски купувачи.
Високопрецизната снајперска пушка со обртно-чепен затворач Т-5000 се појави во 2012 година кога ги помина сите тестирања заедно со борбено-тактичкиот систем на војникот на иднината „Ратник“. Она што особено го истакна нејзиниот квалитет и одреден вид супериорност во однос на моделите на другите производители беше настанот што се случи во средината на јуни 2012 година.
Имено, тогаш се одржуваше респектабилниот меѓународен натпревар кој ги собра најдобрите воено-полициски снајперисти од целиот свет. Во една таква конкуренција, рускиот тим, претставен од членовите на ЦСН ФСБ „Алфа“, го освои првото место и стана шампион.
Снајперистите на оваа група на различни полигони ја користеа пушката „ОРСИС“ Т-5000, која посебно се истакна при гаѓањето мети на големи далечини, при што прикажа речиси „хируршка“ прецизност и ефикасност. На првенството на Европа за снајперисти што се одржа четири години подоцна, победи рускиот тим на ФСО, кој исто така користеше снајперски пушки на компанијата Orsis.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче