Државните тестирања на системите „Аѓутант“ и „Гибка-С“ кои се развиваат за задачи во рамките на ПВО ќе започнат во блиска иднина. Ова за интернет-порталот ТАСС го изјави командантот на Копнените сили, генерал на армија Олег Саљуков.
„Во близок временски период ќе завршиме со државното тестирање на моделите на борбена техника кои се развиени во рамките на опитно-конструкторските проекти „Гибка-С“ и „Аѓутант“, рече рускиот генерал.
„Гибка-С“ е опремена со пасивен повеќеканален оптоелектронски систем за откривање и следење на воздушните цели и процесор кој брзо ги пресметува нивните параметри и овозможува далечинско лансирање ракети кон „зафатените“ цели. Борбената машина е аналогна на одделение ЛПРС.
Што се однесува до системот „Аѓутант“, генералот напомена дека се работи за развој на универзален тренажен комплекс со воздушни имитатори, дизајниран за потребите за увежбување на единиците за ПВО. Овој систем може да креира верен удар на широк спектар на средства за воздушен напад во сложени услови. Имитаторите се различни според типот, летечко-техничките карактеристики, елементите на радарската и оптичката видливост, а исто така и според тактичките принципи на нивната примена.
Комплексот се состои од команден пункт на кој се наоѓаат двајца оператори, преку кои истовремено може да се управува со шест различни воздушни имитатори во секоја од петте конфигурации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче