Командантот на Северната флота (СФ) Александар Мојсеев им врачи високи државни одликувања на офицерите кои служат на оваа подморница, изјави во петокот официјалниот претставник на Северната флота Вадим Серга.
Во согласност со указот на претседателот на Русија, за заслуги во зајакнувањето на одбранбените способности на земјата и личниот ангажман прикажан прикажан на работното место, со Орден за храброст е одликуван командантот на првата посада што служи на стратешкиот нуклеарен ракетоносец „Јуриј Долгоруки“ (класа 955 „Бореј“) - капетан од прв ранг Владимир Ширин, пренесува интернет-порталот „Интерфакс“.
„Под негова команда стратешката нуклеарна подморница првпат во својата историја изведе плотунско лансирање на четири интерконтинентални балистички ракети „Булава“. Лансирањето беше изведено од акваторијата на Белото Море, а ракетите притоа ги погодија сите свои цели на полигонот Кура што се наоѓа на Камчатка“, рече Серга.
Покрај тоа, со медал „За заслуги пред татковината“ од прв и втор степен, одликувани се офицерите на штабот на Северната флота, капетанот од прво ранг Андреј Милкин, капетанот од трет ранг Вјачеслав Самарцев, како и операторот на воздухопловно одделение од мешовитиот авијациски полк на Северната флота мајор Владимир Мухин .
Командантот на Северната флота им додели на потполковник Олег Меновшинков и мајор Александар Мануилов медал „Суворов“. Ова одликување го добија и капетанот од трет ранг Андреј Сапунов и капетанот на медицинската служба Селим Мурзанканов.
Со медал „Жуков“ е доделен награден капетан Алексеј Грибанов, додека медал „Ушаков“ доби капетан од трети ранг Михаил Смирнов.
Свечената церемонија на доделување на високите признанија се одржа во Североморск, пред почетокот на проширената седница на Воениот совет на Северната флота.
Во мај 2018 година, стратешката нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“ (класа 955 „Бореј“) учествуваше во плотунското лансирање на четири интерконтинентални балистички ракети „Булава“, кои ги погодија своите цели на воениот полигон Кура на полуостровот Камчатка. На овој начин првпат беше реализирано групно лансирање ракети (една по друга) кога станува збор за пловила од оваа класа.
Стратешката нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“ (класа подморници 955 „Бореј“) влезе во вооружувањето на Северната флота во 2012 година. Подморниците од оваа класа спаѓаат во борбени пловила од четвртата генерација, кои се вооружени со 3-степени интерконтинентални балистички ракети „Булава“. Секоја подморница од оваа класа може да носи 16 вакви ракети, способни да остварат проектиран максимален дострел и до 11000 км, во временски интервал од 20-25 минути.
Она што е особено застрашувачко е деструктивната моќ на ударниот арсенал на подморницата кој може да претвори практично цел еден континент во пепел и прав. Имено, секоја од овие ракети носи по 10 независно насочени боеви глави кои се еквивалентни на 150 кт. Ракетен плотун истрелан од стратешката подморница „Јуриј Долгоруки“ може да покрие и до 160 непријателски цели (подморницата „Дмитриј Донски“ од класата 941УМ „Акула“ и до 200 цели).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче