Русија на прагот од усвојување на перспективните тенковски ракети „Сокол-В“

Shutterstock
Ракетата 3УБК25 „Сокол-В“ ќе биде опремена со самонаведувачка пасивна боева глава која ќе овозможи принцип на дејствување „испукај и заборави“. Ракетата ќе има можност за промена на траекторијата во текот на својот лет. Ова ќе ѝ овозможи во завршната фаза на летот да изведе маневар на силно паѓање на фатената цел и удар во нејзината горна проекција каде по правило тенкот е најслабо заштитен.

Во близок временски период, се очекува во завршната етапа на развојот да влезе наведувачкиот проектил кој ќе го употребуваат современите руски тенкови, како што е на пример Т-14 „Армата“. Комплексот ново вооружување го доби името 3УБК25 „Сокол-В“. Неговото воведување во вооружувањето забележливо ќе ја зголеми тактичката предност на руските тенкови во однос на својата конкуренција, пренесува Интернет-порталот Marsonline.

Конструкторското биро „Нудељман“ се подготвува да тестира нов тип тенковска муниција која ќе биде опремена со самонаведувачка пасивна боева глава (ГСН). Комплетното тестирање ќе биде реализирано на воениот полигон Смолино. Планирано е во текот на тестирањето да се употребат 25 ракети 3УБК25 кои ќе бидат опремени со стандардно боево полнење, вклучувајќи ја и гореспоменатата самонаведувачка пасивна глава. Покрај боевата ракета, ќе бидат опремени и 46 проектили кои ќе бидат опремени со инерцијален навигациски систем, без боево полнење и ГСН. Планирано е во тестирањето да учествува основниот борбен тенк Т-80 кој ќе ги испукува овие ракети.

Доколку сè помине во најдобар ред, може да се очекува дека оваа перспективна муниција ќе го замени оперативниот тенковски наведувачки проектил кој ја носи ознаката „Кобра“. 3УБК25 „Сокол-В“ ќе биде во арсеналот муниција кој ќе го употребува тенкот Т-14 „Армата“, но ќе може да го користат и тенковите кои сега се наоѓаат во вооружувањето на руската армија.

Самонаведувачката пасивна боева глава која ќе биде есенцијален елемент на оваа муниција, ќе овозможи прецизно погодување во целта без активно управување од страна на нишанџијата-оператер кој досега мораше постојано да го држи на мета својот објект, сè дури проектилот не удри во целта. Значи оружјето ќе функционира на принципот „испукај и заборави“. Но, мошне е важен и неговиот начин на дејствување кој на руските тенкови ќе им даде сериозна предност на бојното поле.

Имено, 3УБК25 „Сокол-В“ ќе има можност за промена на својата траекторија во завршната фаза на летот. Се претпоставува дека неговиот удар ќе се концентрира на горната проекција на тенкот каде оклопната заштита е најслаба. Ова е од посебна задача во борбата против основните борбени тенкови од западно производство кои се заштитени со исклучително масивен повеќеслоен оклоп кој е посебно конструиран во фронтално ниво на тенкот и на неговите куполи. 

Новата муниција покрај основниот принцип на нејзината примена „испукај и заборави“ ќе овозможи борба со непријателот со кој не е остварен визуелен контакт, каде ГСН самостојно ги определува координатите на целта во неколку спектрални дијапазони на работа. Перспективната муниција 3УБК25 „Сокол-В“ покрај земските цели ќе се употребува и против нисколетачки воздушни објекти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња