Ова го соопшти Олег Евтушенко, извршен директор на „Ростех“, кој веќе ги објави првите фотографии од новиот мотоцикл и ги откри неговите карактеристики, пренесува РИА „Новости“.
Прототипот на градскиот електричен мотоцикл Café Racer има автономија на движење до 100 километри. Опремен е со ДЦ мотор без четкички со течно ладење, чија максимална моќност е 50 киловати (речиси 68 коњски сили).
Времето на полнење на акумулаторот е осум часа. Достигнува брзина од 100 километри на час. Може да се користи на температури од нула до плус четириесет.
Засега не е познато кога мотоциклот ќе се најде во продажба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.