„Рускиот Prado” ќе добие турбо-мотор од УАЗ

УАЗ
Улјановската фабрика за автомобили планира во 2020 година да започне да им вградува на своите возила нов мотор со принудна индукција од руско производство.

УАЗ планира во 2020 година да започне да монтира нов турбо мотор на своите возила. Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на изјава на генералниот директор на Улјановската фабрика за автомобили Адил Ширинов.

„Новиот мотор на кој работиме е моторот 223 со индекс 002, турбо мотор со 180 коњски сили. Планираме да го воведеме во употреба следната година“, објасни Ширинов.

Во моментов новиот бензински мотор, проектиран од стручњаците од Заволошкиот моторен завод (ЗМИЗ), поминува фабрички испитувања. Според првичните податоци, овој мотор ќе биде дел од новото теренско возило на УАЗ, популарно наречено „руски Prado“. Покрај тоа, не е исклучено меѓу варијантите да се најде и модернизиран турбо-дизел мотор од моделот Ford Transit.

Погледнете како се раѓаат моторите во Заволошкиот моторен завод:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња