Најновата руска воена техника подготвена за дефилето на Парадата на победата

Парада на Победата во Москва

Парада на Победата во Москва

Reuters
На Црвениот плоштад во Москва на претстојната Парада на победата ќе ги продефилираат возилата на пешадијата „Армата“ и „Курганец 25“ со новите борбени модули „Кинжал“ и „Епоха“, противвоздухопловните ракетни системи С-300В4 и С-350, како и противвоздухопловниот артилериски систем „Деривација-ПВО“.

На воената парада, која традиционално се одржува на Денот на победата на 9-ти мај на Црвениот плоштад во Москва, ќе учествуваат дваесет примероци на борбена техника која никогаш порано не учествувала во дефилето, соопшти министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на ресорот, пренесува „Ѕвезда“.

Парада на Победата во Москва

На воената парада по повод седумдесет и петгодишнината од победата во Втората светска војна ќе учествуваат преку четиринаесет илјади луѓе, околу триста единици вооружување и воена техника, вклучително и преку сто летала. На Црвениот плоштад ќе продефилираат и единици на вооружените сили на други земји.

Парада на Победата во Москва

Покрај Москва, празнични паради се одржуваат и во уште дваесет и осум градови во земјата. Свечени поворки ќе поминат во сите места во кои се наоѓаат воени единици. Ќе учествуваат преку сто и педесет и пет илјади луѓе и околу три илјади единици техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња