Руската армија добива нови офанзивни дронови

Орион-Э

Орион-Э

Виталиј В. Кузмин
Определен број од овие беспилотни летала веќе имаше „огнено крштевање“ во Сирија, а останатите го чекаат својот момент.

По тестирањата во борбите против терористите во Сирија руската армија ги доби новите беспилотни летала „Орион“ за лет на средни височини со четири наведувачки ракети. Истовремено за „огнено крштевање“ се подготвува новото тешко беспилотно летало на компанијата „Сухој“ кое го доби името „Охотник“ („ловец“).

„Орион“

„Орион“ има четири наведувачки и ненаведувачки ракети кои го неутрализираат непријателот на оддалеченост од стотина километри од леталото.

Создавачот на овој дрон, компанијата „Кронштадт“, засега не го коментира својот неодамнешен успех и почетокот на испораката на првите „Ориони“ за руската армија, повикувајќи се на „државна тајна“, како и на тоа дека сѐ уште не се ставени последните потписи на договорите со Министерството за одбрана.

Макета на беспилотното летало со голем радиус на летот на средни височини „Орион-Э“ на Меѓународната воено-поморска изложба во Санкт Петербург

Според главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски, во Сирија се применети две варијанти на „Орион“. Едната е извидувачка, а другата - офанзивни беспилотни летала.

„Во овој момент воздушно-космичките сили работат на програма за примена на тешки офанзивни беспилотни летала со голем радиус на движење. Генералите сакаат новите единици да бидат мешовити, односно во еден одред истовремено да работат како традиционални авиони, така и беспилотни летала кои испукуваат проектили од иста класа“, вели експертот.

Руското повеќенаменско беспилотно летало „Кронштадт“ со голем радиус на лет, направен на база на дронот „Орион-Э“ на Меѓународната авио-космичка изложба МАКС-2019 во Жуковски, Подмосковје

Новиот дрон може да носи четири ракети со вкупна тежина од 200 килограми и со тој товар може да се искачи на височина од 7.5 километри.

Развива брзина од 200 километри на час и може да лета непрекинато 24 часа, по што мора да се врати во хангарот за полнење на акумулаторите.

„Охотник“

Второто големо зајакнување руската армија ќе го добие во вид на тешкото офанзивно беспилотно летало „Охотник“ што го произведува компанијата „Сухој“.

Оваа машина е прототип на идната генерација беспилотни летала. Во нејзината изградба се користени технологиите од најновиот ловец од петтата генерација Су-57.

Макета на беспилотното летало С-70 „Охотник“ на меѓународната авио-космичка изложба МАКС-2019 во Жуковски, Подмосковје.

„Охотник“, како и неговиот „поголем брат“, е конструиран според аеродинамичната концепција „летачко крило“ со примена на стелт-технологија, што му овозможува да се скрие од средствата за противвоздушна одбрана на непријателот и воедно да носи доста вооружување.

Покрај тоа, овој дрон тежок 20 тони, може да развие надзвучна брзина (максималната брзина на „Охотник“ изнесува 1.000 километри на час). Во него е вграден и еден од првите компјутери со вештачка интелигенција кој од операторот ги презема поголемиот дел од функциите, освен примената на оружјето.

Еден дел од технологијата и од муницијата е целосно ист како кај ловецот од петтата генерација Су-57.

„Во арсеналот 'Охотник' има ракети 'воздух-воздух' и цела низа бомби ('паметни' и наведувачки) кои нема да бидат закачени на крилата, ами ќе бидат скриени во леталото за да се намали воочливоста на дронот кај непријателските радари“, вели за Russia Beyond професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Меѓу нив може да биде и фугасно-распрснувачката запалива бомба ОФЗАБ-500 и термобаричната авионска бомба ОДАБ-500ПМВ – и двете се применети во текот на воената кампања во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња