Првпат на вежбата учествуваше и најновата модификација на самоодната хаубица 2С19М2 „Мста-С2“. Истата беше испорачана годинава на единиците на руската армија. Оваа модификација се разликува од претходните верзии по тоа што има целосно автоматизиран комплекс на вооружување. Исто така, беа применети и тешки самоодни минофрлачи „Тулан“ кои спаѓаат во најмоќните орудија од тој вид на светот, пренесува интернет-порталот Marsonline.
Севкупниот резултат на артилериско-ракетниот удар беше оценет со одлична оцена. Артилериските единици на Западниот воен округ спаѓаат во најоспособените борбени единици во целата руска армија. Тие се здобиле со овој примат на бројни меѓуармиски натпревари, каде ги освоија првите места.
Покрај боево гаѓање, на гостите им беше прикажано и користено оружје, кое беше прикажано во статичка експозиција. Беа презентирани повеќе од 100 единици модерно оружје и борбена техника кои се наоѓаат во составот на Западниот воен округ. Беше прикажано и славното оружје од времето на Втората светска војна. Овој приказ го реализираа специјализирани воено-патриотски клубови кои дејствуваат на територијата на Русија.
Целат оваа манифестација, организирана на воениот полигон „Лушки“, ја посетија илјадници луѓе од Ленинградската, Псковската и Новогордската област. За време на нејзиното одржување заинтересираните млади луѓе беа во можност дополнително да се информираат за стапувањето во професионална воена служба. Сите гости притоа имаа и дополнителен ручек подготвен од импровизирана воена кујна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче