Руската армија ја префрли на северот на Сирија првата група хеликоптери Ми-8 и Ми-35М

Скриншот
Во оваа група има три хеликоптери - еден борбено-транспортен Ми-8 и два десантно-јуришни Ми-35М. Овие хеликоптери се покриени од земја со хибридните ракетно-топовски системи со краток/среден дострел „Панцир-С“. Овие летала имаат задача да ги покриваат од воздух единиците на воената полиција кои патролираат на тоа подрачје.

Три воени хеликоптери од составот на Воздушно-космичките сили (ВКС) на руската армија се префрлени на аеродромот Камишли на северот на Сирија. Основната задача на овие авиони е воздушно покривање на единиците на воената полиција кои патролираат на тоа подрачје. Ова го пренесе интернет-порталот „Ѕвезда“.

„Од подрачјето на воздухопловната база Хмејмим на аеродромот Камишли е префрлена првата група хеликоптери од составот на руските ВКС. Нивниот лет до крајниот север на земјата траеше околу пет часа“, се вели во резимето на текстот објавен на овој руски сајт.

Во оваа група се наоѓаат три хеликоптери - еден борбено-транспортен Ми-8 и два десантно-јуришни Ми-35М. Овие хеликоптери се покриени од земја со хибридните ракетно-топовски системи со краток/среден дострел „Панцир-С“. Како што прецизираше началникот на воздухопловната команда Тимур Хоџаев, хеликоптерите ќе учествуваат во операцијата за обезбедување на единиците на воената полиција кои се наоѓаат на тоа подрачје, пренесува интернет-порталот ТАСС.

На аеродромот е формирана и помала база, која се состои од десетина единици специјална и автотехника за логистичка поддршка на овие авиони. Планот е да се прошири оваа база во наредните недели и месеци, што ќе овозможи прием на дополнителен контингент на воздухопловна борбена техника.

Примарна задача на хеликоптерската група на ова подрачје е обезбедување на патролните маршрути на североистокот на Сирија. Оваа активност се спроведува непрекинато, секој ден во неделата. Територијата на воздушно патролирање постојано се проширува и ја опфаќа провинцијата Хасака, која граничи со Турција и Ирак.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња