Ракетната корвета која ќе носи хиперсонични ракети „Циркон“ влезе во завршната фаза на тестирање

Youtube
Новата руска ракетна фрегата од класата 20385 „Гремјашчиј“ влезе во поморските единици на Северната флота каде ќе реализира фаза на државните тестирања. Корветата се карактеризира со намалена радарска, акустична и оптичка видливост и исклучително моќно ракетно вооружување.

Оваа корвета беше посетена кон крајот на минатиот месец од страна на врховниот командант на руската армија Владимир Путин, придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу. За време на оваа посета, корветата се наоѓаше во бродоградилиштето „Јантар“.

За време на оваа посета, командантот на ракетната фрегата „Гремјашчиј“, капетан втора класа Роман Довгајалов ги запозна највисоките гости со карактеристиките на овој брод, при што се осврна и на фактот дека покрај крстосувачки ракети „Калибар“, бродот ќе може да ги користи и перспективните хиперсонични противбродски ракети „Циркон“.

„Денес во Беломорската воена база на Северната флота доплови главниот брод од класата 20385, каде ќе реализираме фаза на државни тестирања“, се вели во соопштението што го пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Исто така, треба да се истакне и дека во текот на својата пловидба кон оваа воено-поморска база сместена во акваторијата на Белото Море, „Гремјашчиј“ мораше да се справи со многу неповолни хидрометеоролошки услови.

Проектот за ракетна корвета од оваа класа е дело на инженерите на ЦКМБ „Алмаз“. Овој повеќенаменски воен брод е дизајниран за откривање и елиминација на површинските бродови на условниот непријател, вклучувајќи ги и неговите подморници, обезбедување при изведување поморски десант, заштита на крајбрежната зона, придружба и заштита на други бродови. Бродот има широк спектар на оружје и поморска техника. Овие вклучуваат артилериски и ракетни комплекси, противподморничка опрема, хидроакустични и радарско-набљудувачки станици. Благодарение на употребата на композитни материјали во неговата конструкција кои се третирани со специјални облоги, распоредот на електронската опрема и вооружувањето, добиена е уникатна архитектура на брод која значително ја намалува рефлексивноста во радарскиот спектар, како и акустичната и оптичката видливост на бродот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња