Безбедносни системи развиени во „Росатом“ наскоро ќе ги чуваат експонатите во Музеите во Кремљ

Global Look Press
Сигурносните системи развиени во руската нуклеарна индустрија би можеле да почнат да се користат за обезбедување на експонатите во Музеите на Московскиот Кремљ, додека некои од нив веќе се тестираат во познатиот Ермитаж во Санкт Петербург.

За ова денес пишува официјалниот весник на руската државна корпорација „Страна Росатом“, пренесува РИА „Новости“. 

„Станува збор за технички сигурносни средства произведени во „Елерон“, претпријатие на државната корпорација „Росатом“. Претставници на безбедносните служби на Музеите на Московскиот Кремљ понудија да вградат сензори на изложбените витрини во нивните сали. Разговорите се во тек. „Еленор“ е заинтересирана за таков вид соработка“, пишува весникот.

Сигурносниот систем на „Росатом “ е базиран на сензори „Јахонт“, кои се развиени за еден од безбедносните ресори и кои пренесуваат податоци на различни фреквенции. На тој начин е оневозможено попречување. Приемникот ја слуша дадената зона, а доволно е да прими само еден сигнал за да ја процени состојбата на предметот на контрола. За разлика од RFID, „Јахонт“ не може да се извлече, а при обид да се симне сензорот се огласува со знак за тревога.

„Неодамна со нашиот систем ги опремивме поставките со делата на Василиј Поленов и руската авангарда, изложба отворена во Новата Третјаковска галерија. Московскиот музеј на дизајнот планира да ги опреми своите изложби со нашите безбедносни системи. Исто така, нашиот систем се наоѓа на привремено користење во Ермитаж“, изјави за весникот „Страна Росатом“ Јуриј Давидов, прв заменик-генерален директор на „Елерон“.

„Во Ермитаж инсталиравме дел од нашиот систем. Бидејќи покажа прилично добри првични резултати, службата за обезбедување на музејот нѐ замоли да го продолжиме времето на привремено користење“, забележаа експертите од „Елерон“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња