Су-35С
Министерството за одбрана на РусијаГрупата „Руски витези“ која изведува акробатски летови на почетокот на ноември добива четири нови суперманеварски ловци Су-35С, им беше соопштено на новинарите од компанијата „Сухој“.
„На акробатската група Руски витези наскоро ќе им бидат предадени четири нови авиони Су-35С направени во градот Комосмољск на Амур во фабриката за авиони 'Гагарин' која ѝ припаѓа на компанијата 'Сухој“ <...> Сите четири борбени авиони се комплетирани во согласност со сериското производство. Примопредавањето ќе биде извршено на почетокот од ноември“, велат од компанијата.
Притоа се цитираат зборовите на началникот на фабричката станица за пробни летови Михаил Чипизубов: „Од своето основање групата Руски витези леташе со авионите Су-27 и Су-30. Дојде времето и за нашите Су-35“.
Најважната разлика помеѓу леталата на акробатската група „Руски витези“ и ловците што ги користи армијата се состои во тоа што овие авиони се бојосани во боите на државното знаме на Русија: бела, сина и црвена. Според податоците што ги изнесува компанијата, леталата се бојосуваат со сјаен емајл со помош на специјални шаблони. Бојосувањето на еден авион трае 12 дена.
Во март командирот на групата Андреј Алексеев на новинарите им соопшти дека „Руските витези“ планираат да преминат на други авиони, но не прецизираше кога ќе се случи тоа.
„Руските витези“ се единствената група на светот која акробатските летови ги изведува во тешките ловци Су-27 и Су-30СМ. Групата е основана на 5 април 1991 година врз база на Првата авионска ескадрила на Центарот за демонстрација на авијациска техника на аеродромот Кубинка.
Су-35С (Flanker-E+ според класификацијата на НАТО) е темелно модернизиран суперманеварски повеќенаменски ловец од генерацијата 4++ кој е направен со промена на технологии предвидени за ловците од петтата генерација. Негови одлики се новиот комплет на авиониката заснован на дигитален информативно-управувачки систем, новиот радар со пасивна фазирана антенска решетка и мотори со плазма-палење со зголемена сила и со систем за управување на векторот на потисок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче