Рускиот телевизиски канал „Ѕвезда“ објави снимка од првото слетување на тешкиот палубен ловец Су-27К на палуба на носач на авиони. Тоа се случи на 1 ноември 1989 година. Видеото е сопственост на руската Обединета корпорација за производство на авиони.
Интензивната работа над бродски авиони беше иницирана на почетокот на 80-те, кога под раководство на генералниот конструктора Михаил Симонов и раководителот на проектот Константин Марбашев беше реализиран проектот за експерименталниот авион Су-27К, кој првпат слета на палуба на брод. За време на проектирањето беа решени сложени задачи поврзани со конструкцијата, отпорноста, аеродинамиката, системите за управување, навигација и вооружување. Успехот на проектот е резултат на искуството што тимот на Експериментално-конструкторското биро „Сухој” го стекна додека работеше на авионот Су-27.
Пред триесет години тренинзите на палубните пилоти се одржуваа на Крим на аеродромот Саки, каде што се наоѓа наставно-тренажниот комплекс „Нитка“. Не постоеше официјална дозвола за слетување на носач на авиони. Беа дозволени само летови над палубата. Конечната одлука за слетување беше донесена утрото на 1 ноември 1989 година од страна на генералниот конструктор на Експериментално-конструкторското биро „Сухој” Михаил Симонов, директорот на Црноморското бродоградилиште Јуриј Макаров и претседателот на владината комисија контраадмирал Аександар Устјанцев.
Во 12:35 часот пробниот пилот Виктор Пугачов полета со ловец Су-33 (неговата првична ознака беше Су-27К) од аеродромот Саки и се упати кон носачот на авиони да реализира летови над палубата на минимална висина. Раководителот на летање тогаш му соопшти дека е дозволено слетување. По неколку налети со допирање на палубата, Виктор Пугачов слета на палубата на носачот на авиони.
Авионот Су-33 е морнарички ловец-едносед кој полетување и слетување користи палуба на брод, со можност за склопување на крилата и хоризонтална опашка (за чување во хангар); опремен е со систем за дополнително полнење на резервоарот со гориво во текот на летот. Су-33 е наменет за одбрана на бродовите на руската Воена морнарица од средствата за воздушен напад на непријателот.
На 19 септември оваа година на територијата на Експериментално-конструкторското биро „Сухој” беше откриен споменик на авионот-ловец. Уште едно летало е поставено на територијата на заводот за производство на авиони „Јуриј Гагарин“ во Комсомолск на Амур.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче