„Небесен камшик“: најмодерната верзија на советскиот ловец МиГ-23МЛД фотографирана во Сирија

Слободан Ѓукиќ
Во вооружувањето на сириското воено воздухопловство се наоѓаат ловци МиГ-23МЛД (НАТО Flogger или Камшик/Корбач). На Интернет се појавија фотографии од овој авион кој исклучиво се користи за заштита на воздушниот простор на оваа држава.

Интересно е да се каже дека овој тип авиони од третата генерација за време на СССР не беше испорачуван на во други држави. Варијантата на авионот МиГ-23МЛД беше најмодерната во целото семејство на овие ловци и беше правена исклучиво за домашни потреби. На пример, овој авион во тоа време беше опремен со модерниот радар „Сафир-23МЛА“ кој можеше истовремено да следи до шест воздушни цели. Леталото имаше и тополотен пеленгатор ТП-23М, која имаше можност да открие непријател кој леташе во прикриен режим, пренесува интернет-порталот РГ.

Неговиот основен квалитет се потпираше на примената на ракетите „воздух-воздух“ со среден дострел Р-24 кои се наведуваа кон целта во полуактивен режим на наведување (радарска или инфрацрвена боева глава). Можеше да се монтираат на авионот и покомпактните ракети Р-60 кои беа многу ефикасни во блиска воздушна борба. Топовското вооружување се состоеше од двоцевен топ ГШ-23Л калибар 23 мм, со борбен комплет од 200 гранати.

На голема висина ловецот можеше да развие брзина од 2500 км/ч, додека во низок лет лесно постигнуваше брзина од 1400 км/ч. Неговиот практичен плафон на лет изнесува 18600 метри, а со полн резервоар можеше да прелета 2300 км. Средната тежина при полетувањето достигнуваше 14700 кг.

По распадот на СССР воздушниот парк со овие летала беше поделен на независните држави, а голем број од нив во меѓувреме беше изваден од експлоатација. Меѓутоа, одреден број од овие авиони беше понудени и за извоз. А тука се појави и Сирија, која беше заинтересирана за набавка на овие летала.

Така пред десетина години од Белорусија беше набавена група авиони МиГ-23МЛД. Според некои извештаи, за време на граѓанската војна во Сирија која и понатаму трае, послабите верзии на овие авиони се користеле за напади врз копнени цели (класични бомбардерски задачи), додека најмодерната верзија МиГ-23МЛД се користела за заштита на воздушниот простор на земјата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња