Единиците на руската полиција добија нова моќна и тивка снајперска пушка за уништување цели на оддалеченост од 600 метри.
Проектот ја носи ознаката ВКС, а направен е според американскиот систем „булап“ (рамката со муницијата не е во предниот дел, ами под кундакот, односно зад обрачот) за да се намали габаритот на пушката и за снајперистот да може непречено да ракува со неа во простор на урбанизирана градска средина.
„Тука станува збор исклучиво за ергономија. Полицијата постави задача да направиме компактна пушка која може да ликвидира терорист во секој, па и во најдобар можен панцир, а притоа да не се открие положбата на снајперистот. Поради тоа го избравме најголемиот подзвучен калибар, направивме куса пушка и проектиравме специјален придушувач за неа, така што за време на пукањето не се гледа блесок“, вели за Russia Beyond Иљја Сидоров, инженер на Конструкторското биро „Академик А.Г. Шипунов“.
Придушувачот е долг колку и целата пушка, така што заедно со него пушката е долга 112 сантиметри. Со празна рамка тешка е 6.5 килограми, што е во границата на оружје од таква класа. Покрај тоа, раката е конструирана да носи пет супемоќни куршуми со калибар од 12.7х55 милиметри.
За разлика од моделите што ги нуди конкуренцијата, пукањето од оваа пушка никој нема ниту да го слушне, ниту да го види
На прашањето во што е предноста на оваа пушка во однос на сличните модели кои се присутни на пазарот на „кратки“ снајперски пушки, конструкторите велат дека пукањето од нивниот модел е бесшумно, што не е случај кај останатите модели.
„Сите останати калибри за олку куса оддалеченост се надзвучни, како што е на пример 308 Вин. Тоа значи дека снајперистот не може да пука бесшумно, а блесокот за време на пукањето ја открива неговата положба на терористите и ја доведува целата операција во опасност“, објасни Сидоров.
Тој воедно додаде дека куршумот на оваа пушка е толку тежок што дури и ако панцирот по некакво чудо го задржи, непријателот секако нема да преживее „толку моќен потрес“.
Оружјето го уништува непријателот дури и ако тој се крие зад цврст ѕид од тули.
„Непријателот може да се скрие и зад ѕид од два слоја тули. Нашата пушка ќе го пробие ѕидот и ќе ја уништи целта“, заклучува конструкторот.
Недостатокот на оваа пушка е малата густина на огнот. На 100 метри истура куршуми на 3.5 сантиметри. Тоа можеби изгледа како незначаен недостаток, но тие секунди што снајперот во екот на борбата ги троши за повторно да нишани кон целта оддалечена 600 метри и може да го чинат животот на неговите соборци или на киднапираните. Поради тоа пушката е направена за едно прецизно и ефикасно пукање кое сигурно го убива злосторникот.
Творците на оружјето соопштија дека пушката е испратена на „сите вооружени структури кои се наоѓаат на територијата на Русија во борбата против терористи“, но не прецизираа дали нивното оружје е тестирано во борбите во Сирија, велејќи дека таквите податоци се воена тајна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче