Новиот руски ракетоносец успешно го положи тестот: „Булава“ прецизно погоди цел на Камчатка (ВИДЕО)

Слободан Ѓукиќ
Руското Министерство за одбрана објави видео во кое се прикажува моментот на лансирање на интерконтинентална балистичка ракета Р-30 „Булава“ (НАТО SS-N-30). Овие проектили специјализирани за лансирање од подморници. Лансирањето за прв пат беше извршено од стратешката нуклеарна подморница „Кнез Владимир“, која е направена според модернизираниот проект 955А „Бореј-А“.

Видеото го прикажува моментот на лансирање на ракетата и првата фаза од нејзиниот лет.

Самото лансирање е изведено од подводни услови. Притоа стратешката нуклеарна подморница „Кнез Владимир“ се наоѓаше во акваторијата на Белото Море. Целта на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“ на воениот полигон „Кура“ на Камчатка. Ова лансирање е изведено како дел од програмата за тестирање на оваа подморница, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Според руското Министерство за одбрана, комплетната операција на гаѓање е успешно реализирана. Ракетата успешно ја погодила својата цел.

Стратешката нуклеарна подморница „Кнез Владимир“ е прва во серијата која што е направена според модернизираниот проект 955A „Бореј-А“. Покрај модернизираната опрема интегрирана во овој брод со цел да се подобрат нејзините севкупни оперативни способности, реализирани се и одредени зафати од конструкциска природа на трупот долг 170 метри.

Новата атомска подморница се разликува од карактеристичните елементи на конструкцијата на основната верзија подморници од класата „Бореј“. Со својот надворешен дизајн, таа е поедноставно и некако похармонично решена. Командниот мост веќе не е под остар нападен агол во однос на трупот на подморницата, како ни карактеристичната „грпка“ со арсеналот ракети кои се наоѓаа зад него. Неодамна се појави информација дека руските конструктори кај модернизираната верзија на подморницата „Бореј-А“ успеале да го зголемат бројот на интерконтинентални балистички ракети „Булава“ од 16 на 20, но тоа сè уште не е официјално потврдено и судејќи според сѐ, не е точно.

Станува збор за подморници од четвртата генерација вооружени со 3-степени интерконтинентални балистички ракети „Булава“. Секоја подморница од оваа класа може да носи 16 ракети Р-30 „Булава“ (НАТО SS-N-30). Она што е особено застрашувачко е деструктивната моќ на ударниот арсенал на подморницата, кој може да претвори буквално цел еден континент во пепел и прав. Имено, секоја од овие ракети носи 10 независно насочени боеви глави со сила и до 150 кт. Така, во хипотетички нуклеарен судир, само една атомска подморница „Бореј-А“ плотунски може да покрие 160 различни цели, кои поединечно би биле погодени со нуклеарна боева глава 8-10 пати посилна од оние фрлени врз јапонските градови Хирошима или Нагасаки.

Интерконтинентална балистичка ракета Р-30 „Булава“ (НАТО SS-N-30) се состои од три степени. Нејзиниот дострел се движи од 8000-11000 километри. Со прикачена боева глава, „Булава“ е долга 12,1 метри. Нејзиниот калибар е 2000 мм. Ја движи мотор на цврсто гориво. Вкупната тежина на ракетата во борбениот спремник на подморницата е 36,8 тони. Таа е способна да носи товар со маса од 1150 килограми. Тоа е доволно да се инсталира боев блок составен од 6-10 независно насочени боеви глави со моќност од 150 кт. Веројатната кружна грешка (отстапување од целта) на максималниот дострел изнесува >350 метри.

Планот за модернизација на руската флота предвидува изградба на осум подморници од класата „Бореј“. Три од нив се во оперативна функција: „Јуриј Долгоруки“, „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“. Четвртата подморница „Кнез Владимир“ во моментов се наоѓа во фаза на комплексно сложено тестирање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња