На видеоклипот, кој трае околу 90 секунди, може да се види како „Ноќните ловци“, „Крокодилите“ и „Алигаторите“ изведуваат ракетно-топовски удари по копнени цели. Како се изведува десант од најголемиот воено-транспортен на светот Ми-26 и борбено-транспортниот Ми-8АМТШ „Терминатор“, пренесува интернет-порталот РГ.
Особено впечатливо е полетувањето на хеликоптерот Ми-8АМТШ од врвот на една карпа која се наоѓа на надморска височина поголема од 2000 метри, каде што не е така лесно да се полета поради разреденоста на воздухот.
Во моментов руската воена индустрија, во координација со Министерството за одбрана на РФ, интензивно работи на обнова на воздухопловниот парк на армиската авијација. Се планирано до крајот на 2027 година да влезат во оперативна функција 98 модернизирани „Ноќни ловци“ Ми-28НМ. Оваа верзија на хеликоптерот ќе биде надградена врз основа на реалните борбени искуства стекнати во Сирија.
Ми-28НМ претставува развоен проект на холдингот „Хеликоптери на Русија“. Борбената машина е способна да изврши широк спектар задачи како што е борба против непријателска оклопна техника, нисколетечки воздушни цели кои се движат со мала брзина, операции за извидување, како и означување на целта за други хеликоптери и борбени авиони. Она што е особено интересно е сериозното техничко унапредување на функциите за управување на хеликоптерот. Имено, инженерите конструираа систем на двојни команди, што драстично го зголемува степенот на преживување доколку дојде до ранување на еден од членовите на екипажот.
Во однос на основната верзија на „Ноќниот ловец“, двојно е зголемена зоната на откривање на цели и подобрени се маневарските способности на леталото, интегриран е посилен мотори и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел.
Хеликоптерот ќе има способност за содејство и команда со група беспилотни летала (извидувачки и ударни беспилотни летала).
За подобрување на мобилноста на копнената војска, руската воена индустрија направи проект за модернизација на тешкиот воено-транспортен хеликоптер Ми-26Т2В. Тој е опремен со современа радиоелектронска и пилотажно-навигациска опрема, која му овозможува на екипажот на ова летало да ги извршува задачите без оглед на географските карактеристики на товарот и метеоролошката ситуација, дење/ноќе. Неговиот транспортен капацитет е навистина импресивен. Имено, овој хеликоптер е во состојба да носи 82 војници со полна воена опрема. Во санитарната варијанта Ми-26Т2В може да носи 60 ранети на носилки, да пренесува многу габаритни товари, вклучително и големи канистри со гориво со вкупен капацитет од 14 илјади литри.
На 28 октомври 1948 година во Серпухов е формирана првата воздухопловна хеликоптерска ескадрила опремена со летала Ми-1. Овој датум е земен за Ден на армиската авијација, кој се слави секоја година во единиците на руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче