Сирија: „Бестрашниот“ руски спецназ спаси американски новинар од сигурна смрт

Marsonline (bog-rata.com)
„Едноставно, тие (се мисли на спецназот) се однесуваат исто кога пијат кафе, кога јаваат мечки и кога водат војна“, констатира еден американски репортер, кој е зачуден од степенот на самодоверба на руските специјалци во критичните ситуации.

Американскиот новинар Бил Њуи во темел ја смени перцепцијата за рускиот спецназ по двонеделната посета на Сирија. На оваа драматична промена во неговата свест пресвртна улога имаше еден настан што се случил кога една колона возила во која се наоѓал и тој била нападната од терористи. Овој конвој го обезбедувала сириската војска, а биле присутни и тројца припадници на рускиот спецназ, пренесува порталот Marsonline („Бог-рата“) повикувајќи се на порталот tsargrad.tv.

Според зборовите на американскиот новинар, колоната се состоела од неколку патнички автобуси со жени и деца, а имало и автомобили. Сè било мирно и нормално сè додека ненадејно пред колоната не се појавил џип, опремен со тежок митралез. Тој со голема брзина јурнал од една косина и се упатил директно во правец на конвојот. Сиријците веднаш препознале дека станува збор за џихадистичко возило.

Репортерот наведува дека еден тежок митралез не е шега. Ова оружје многу лесно можело да го изрешета целиот автобус со цивилите и буквално да ги измасакрира неговите патници. Според зборовите на американскиот новинар, сириските војници кои биле во придружбата на тој конвој одеднаш се вознемириле и се раштркале на сите страни, единствено тројцата руски специјалци останале на своите места, небаре ништо не се случувало.

Во тој критичен момент едниот од нив со отворена шака силно го удрил Американецот по грб, принудувајќи го брзо да залегне на земја, а потоа распалил по џипот со кој управувале терористите. Во жестоката размена на оган, џипот бил погоден со голем број куршуми и бил принуден да запре на околу 50 метри од колоната. Руските командоси успеале да го ликвидираат целокупниот екипаж на џипот и на тој начин да го спасат конвојот од целосно уништување, вклучувајќи го и животот на американскиот репортер, се разбира.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња