Кадиров истакна дека војниците што се испраќаат во Сирија се „добро обучени“.
Претседателот на Чеченија рече дека претходно „нивната работа во Сирија е позитивно оценета од претставниците на локалното население и органите на власта“.
„Голема помош на населението на Сирија кое беше погодено од воените дејствија дава Регионалната општествена фондација „Херој на Русија Ахмат Хаџи Хадиров“, додаде тој, пренесува RT.
Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека од Чеченија во Сирија пристигнале околу 300 војници за реализација на специјални задачи на сириско-турската граница.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче