Колона на руската воена полиција влезе во градот Кобани (арап. Ајн ел Араб) што се наоѓа на сириско-турската државна граница. Ова во вторникот го пренесе извор од руското Министерство за одбрана.
„Колона на руската воена полиција влезе во сирискиот населен пункт Кобани што се наоѓа во реонот на сириско-турската граница“, соопшти Министерството. Според информациите на министерството, воено-полициските сили се сретнале со претставници на локалната администрација и се договориле за заедничка работа при реализацијата на поставените задачи, пренесува интернет-порталот ТАСС.
Неодамна руското Министерство за одбрана објави информација дека руските воени-полициски единици напредуваат кон североистокот на Сирија, каде стигнале до зоната во која Република Турција ја спроведува противтерористичката операција, „Извор на мирот“.
„Во согласност со договорот постигнат меѓу претседателите на Руската Федерација и Турција на 22 октомври во Сочи, денес во 12 часот една колона на руската воена полиција премина преку р. Еуфрат и се упати кон сириско-турската граница“, соопшти Министерството за одбрана.
Како што прецизираа од руското министерство, овие единици на воената полиција ќе бидат ангажирани за обезбедување на населените места и воспоставување на правниот поредок. Исто така, нивните патроли ќе обезбедат повлекување на курдските одреди на самоодбраната и нивното вооружување од територијата што се протега 30 километри во длабочина на сириската територија од сириско-турската граница.
Според договорот потпишан пред два дена, предвидено е заедно со руските трупи да бидат присутни и регуларни единици на сириската арапска армија. Курдските единици имаат рок од 150 часа да ја напуштат оваа зона, во која по нивното заминување заеднички ќе патролираат руска и турска војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче