Борбено возило на пешадијата „Бумеранг“, Меѓународен военотехнички форум „Армија-2018“, Кубинка, Московска област, Русија
Комсомольская правда/Global Look PressДодуша, засега не е познато какво вооружување ќе има овој новитет на руската воена индустрија.
Можно е тоа да биде топ со калибар од 125 мм, како кај самоодните артилериски орудија „гасеничари“ 2С25 „Спрут-СД“. Покрај тоа, за време на военотехничкиот форум „Армија 2019“, беше соопштено дека на ВПК-7829 може да биде монтиран борбен модул без посада со брзострелно орудие со калибар 57 мм.
Од друга страна, некои воени експерти посочуваат дека во трупите на руската армија би се нашло место и за двете варијанти, со тоа што првата би можела да послужи како убиец на тенкови, а втората варијанта би било борбено возило на пешадијата со засилено вооружување.
Во Русија и претходно беа правени обиди да се создаде орудие на тркала со голема мобилност во оваа класа. На пример, на база на оклопниот транспортер БТР-70 е проектирано и изградено самоодното орудие 2С14 „Жало-С“ („жило“). На овој проект се работеше од крајот на 1960-тите.
Soviet experimental 2S14 tank destroyer based on BTR-70 APC with 85mm gun. pic.twitter.com/dAjpvzIXzE
— Caesar (@Ninja998998) October 17, 2019
Главното оружје на споменатото орудие беше топот 2А62 калибар 85 мм со комплет од 40 проектили. Спарениот мотор имаше моќност од 240 КС. Возилото тешко 12,5 тони со четворица членови на екипажот имаше оклоп што не го пробиваат куршуми од стрелечко оружје. На рамен асфалт развиваше брзина од 80 км/час, а низ вода пловеше со брзина од 10 км/час.
За жал, и покрај успешното тестирање, машината не беше ставена во експлоатација. Се сметаше дека таквото орудие не може ефикасно да се бори против перспективните тенкови од третата генерација што ги имаа земјите на НАТО.
Стручњаците, сепак, истакнуваа дека „Жало-С“ можеше да биде применето како орудие за огнена поддршка на морнаричката пешадија и дека ќе стекнеше популарност меѓу сојузниците на СССР во Азија и Африка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче