Сирискиот воен аеродром Ет-Табка, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Рака (северот на Сирија), ги прими првите летала по ослободувањето од страна на сириската армија. Станува збор за хеликоптери од составот на руската воздухопловна група. Ова го пренесе порталот „Бог-рата“ повикувајќи се на телевизијата „Ѕвезда”.
На пистата на воениот аеродром Ет-Табка слетаа повеќенаменски воено-транспортни хеликоптери Ми-8 и десантно-јуришни хеликоптери Ми-35. Сите хеликоптери беа вооружени, а во нивните десантни отсеци се наоѓаа руски командоси. Во моментов само летала со вертикален транспорт авиони се во можност да ја користат разрушената инфраструктура на овој аеродром.
Пред припадниците на американскиот воен контингент да бидат стациониран овде, оваа воздухопловна воена база долго време беше во рацете на терористите на таканаречената „Исламска држава“ (терористичка организација забранета во Русија) - градот Рака беше нивни главен град - како и на прокурдските милиции кои дејствуваа на овој простор, пренесува интернет-порталот РГ.
Во овој момент аеродромот повторно се најде во рацете на неговите вистински сопственици. Тоа во стратешка смисла ќе овозможи повторно воспоставување на воздушен коридор што ќе ги поврзува градовите Алепо-Рака-Деир-ез-Зор. Сега до секој од овие градови ќе може да се стигне за помалку од еден час.
Меѓутоа, поради големото уништување на аеродромската инфраструктура, потребно е да се изведат обемни градежни работи за повторно да се направи функционална оваа база.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче