Погледнете како руска наведувана бомба срамни со земја терористички објект (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“
На мета на руското воено воздухопловство се најде објект со подземно засолниште во кое терористите имаа своја команда. Операцијата за „снајперски удар“ е организирана на територијата на провинцијата Идлиб. Притоа беше користена руската високопрецизна бомба КАБ-500.

На интернет-порталот „Бог-рата“ се појави текст и видео од кое се гледа уништување на терористички објект во сириската провинција Идлиб. Судејќи според сѐ, овој напад го извршиле бомбардери од составот на руската воздухопловна група стационирана во Сирија. Притоа е користена употребена високопрецизна бомба КАБ-500 која погоди објект што се наоѓаше непосредно станбена зграда.

КАБ-500 претставува семејство на руски наведувани бомби, кои се разликуваат едни од други според типот на наведување кон целта. Постојат две верзии кои се наведуваат на целта со помош на ТВ-линк: во боевата глава се наоѓа камера со висока резолуција која во реално време ја пренесува сликата во пилотската кабината на борбениот авион, при што примарна задача на операторот е да го задржи нишанскиот маркер на зафатената цел до ударот на бомбата. Исто така, овој вид на бомба може да се наведува и независно, кога компјутерот во боева глава ја споредува верната слика на гаѓаниот објект зачуван во меморијата со слика во реално време, барајќи ја вистинската цел која се преклопува со овие фотографии. Овие бомби се опремени со пробојно-деструктивни и термобарични боеви глави, кои на целта практично не ѝ оставаат никаква шанса да го преживее погодокот.

Варијантата на оваа бомба што ја носи ознаката КАБ-500Л се наведува на нејзината цел со помош на ласерски зрак. Може да се наведува на целта со помош на летачка платформа што ја носи оваа бомба, потоа со специјални ласерски означувачи на целта кои ги користат копнените единици (специјалните сили), како и со помош на извидувачки беспилотни летала опремени со контејнери кои имаат уред за ласерско маркирање на метата.

Тука се наоѓа и моделот на бомбата што ја носи ознаката КАБ-500С кој користи сателитска навигација GPS и ГЛОНАСС. Во современото војување е реално да се очекува дека системите за  противелектронска борба најлесно ќе ја компромитираат врската со сателитите. Во тој случај бомбата преминува на контролен канал што доаѓа од авионот кој ја употребил КАБ-500С.

Различните модификации на оваа бомба (КАБ-500Кр/ОД, КАБ-500Л, КАБ-500С) беа применети за време на воздушната операција на руските ВКС во Сирија. Ловците-бомбардери Су-34 можат да ги експлоатираат овие бомби од големи висини кои се наоѓаат надвор од дофатот на средствата за ПВО што ги поседуваат терористите. Како по правило, со помош на наведувани воздухопловни бомби се уништуваат важни непријателски цели, како што се командни места и складишта за оружје. Голем број на високи команданти на терористички формации се уништени во операциите на руските ВКС, со што значително е намалена оперативната способност на овие сили на теренот, што доведе до конечен колапс на „Исламската држава“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња