Русин ја продава колата на судијата Дред (ФОТО)

news.drom.ru
Уникатниот руски теренец АС-1913 „Ладога“ е во состојба да издржи рафал од автоматска пушка „Калашников“ калибар 7,62 милиметри, а чини само 2000 евра.

Жител на градот Мегион во Ханти-Мансијскиот автономен округ на Русија понуди на продажба уникатен руски теренец АС-1913 „Ладога“. Возилото, кое се произведеше во 90-тите години во мали серии за инкасатори, се продава за 150 илјади рубли (во моментов околу 2100 евра).

Со својот футуристички дизајн, автомобилот остави силен впечаток кај потенцијалните купувачи на интернет.

Со необичниот изглед на „Ладога“ потсетува на автомобилите од антиутописките филмови, конкретно личи на колата од научнофантастичниот филм „Судијата Дред“ (со Силвестер Сталоне во главната улога) од 1995 година.

Оклопот на тој автомобил можеше да издржи рафал од автоматска пушка „Калашников“ со калибар 7,62 мм.

Како што истакна сопственикот, автомобилот има 2,3-литарски бензински мотор со 110 коњски сили, а е беше произведен врз основа на ГАЗела во 1998 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња