Искуствата од борбената употреба пресудни Нигерија да купи повеќе ударни хеликоптери „Ми-35М“

Слободан Ѓукиќ
Нигериската армија сака во својот состав да ги има руските ударни хеликоптери кои на најефикасен начин можат да помогнат во борбата против растечкиот тероризам во оваа африканска земја.

Нигериското воено воздухопловство доби шест руски ударни хеликоптери Ми-35М, а уште толку треба да бидат доставени. Плановите за понатамошната испорака сѐ уште се тема на разговор, соопшти амбасадорот на оваа важна африканска држава Стив Дејвис Угба.

Нигерија има намера од Русија да комплетира една ескадрила хеликоптери Ми-35М со вкупно 12 летала. Конечно, овие намери беа претворени и во конкретен договор. Нигерискиот дипломат истакна дека Русија е многу сигурен партнер за неговата земја, и покрај тоа што западните санкции се обидуваат да ја нарушат оваа воено-техничка соработка, пренесува интернет-порталот „ТВ Ѕвезда“.

Угба констатираше дека без помош на Руската Федерација и руската борбена техника, судирот со тероризмот во неговата земја би бил многу тежок и потсети дека Абуџа е заинтересирана за брза набавка на овие хеликоптери. 

Иако визуелно и нема некоја претерана разлика во однос на својот претходник, Ми-35М претставуа сосема нова машина со унапредени борбени карактеристиками. Се карактеризира со пософистицирана структура на хеликоптерската елиса, која беше добиена со употреба на специјални композитни материјали врз база на фиберглас/стаклопластика, а која е применета и во случајот со ударниот хеликоптер од новата генерација Ми-28Н. Потоа, значително е унапреден и проширен асортиманот на високопрецизното оружје, како и офанзивно-навигациониот комплекс. Овие технолошки процедури исто така обезбедија и продолжување на работниот век на хеликоптерот на период и до 15 години. Применетите технолошки постапки во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М), севкупно ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури 2 пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии.

Спарените топови ГШ-23Л со калибар 23 мм се опремени со борбен комплет од 450 гранати. Хеликоптерот е во состојба да носи наведувани противтенковски ракети „Штурм“ или „Атака “, како и ненаведувани ракетни зрна С-8 и С-13. Со хеликоптерот управуваат двајца членови на екипажот. Неговата максимална брзина е околу 300 км/час, а неговата тежина може да достигне 11500 кг.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња