Во САД убедени дека славниот советски ловец ќе достигне животен век од рекордни 100 години

Wikipedia
Американските медиуми се импресионирани од должината на животниот век на неуништливото советско борбено летало, кое беше пред 60 години беше воведено во вооружувањето. Станува збор за лесниот суперсоничен ловец од третата генерација МиГ-21 кој и понатаму сè наоѓа во вооружувањето на многу земји, вклучително и земји на НАТО.

Според американскиот интернет-портал „Национален Интерес“, овој авион е направен со намера да биде долго во употреба и лесен за модернизација. Треба да се потсетиме дека авионите-ловци, за разлика од бомбардерите и воено-транспортните авиони, имаат тенденција да застаруваат побрзо.

МиГ-21 е дизајниран како ефикасен авион-ловец за остварување превласт во воздух, меѓутоа во своите мисии тој може да носи ограничен убоен товар (наведувани ракети и бомби) за уништување копнени цели во класични бомбардерски мисии. Во публикацијата се вели дека во периодот од 1959-1985 година советската воена индустрија направила 10645 од овие ловци. Овие авиони исто така ги произведуваа и Индија и Чехословачка, додека НР Кина направи сопствена копија на овој авион. За време на Студената војна, САД успеаја да набават неколку варијанти на авионот МиГ-21, за кои американските пилоти имаа само зборови со пофалби, пренесува интернет-порталот РГ.

Во материјалот се наведува дека најсовремените авиони-ловци не се ништо побрзи и поманеварбилни од МиГ-21. Вистина, за разлика од МиГ-21 тие носат повеќе смртоносен товар, многу поразновиден и имаат многу поквалитетна опрема, меѓутоа за многу земји оваа техника преставува недостижен луксуз. Честопати е потребно едноставно „евтино, брзо летало, лесно за одржување и експлоатација и кое може да патролира во воздушниот простор и ако притреба да фрли неколку бомби“. А токму МиГ-21 одговара на овие потреби.

Во овој момент овој авион се наоѓа во оперативно вооружување на 18 земји, вклучително и земји на НАТО (Романија и Хрватска). Во Русија, Кина и Украина постојат технички капацитети за техничко одржување и модернизација на овие авиони. Усвојувањето на технологијата на тродимензионалниот печатач може да го поедностави неговото одржување. Вистина, оперативните МиГ-21 кои денес се наоѓаат во вооружувањето (на пример - Миг-21 „Бизон“ на индиското воено воздухопловство – заб. на прев.) значително се разликуваат од основната верзија на авионот што се појави далечната 1959 година. Тие можат да носат значително покомплексно, високопрецизно наведувано оружје и имаат современа електроника и радари.

Авторите кои пишуваат за списанието „Национален Интерес“ сметаат дека животниот век на овој авион може да достигне 100 години. Речиси е извесно уверувањето дека овој авион ќе одбележи 70 години активна употреба во военото воздухопловство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња