Спектакуларно: Објавена видеоснимка од лансирањето на ракети „Калибар“ од подморница во Црното Море

mil.ru
Планска борбена обука удира по крајбрежни и поморски цели. Погледнете како ракетите излетуваат од бурното море!

На видеоснимката што кружи на интернет се најде лансирањето на две руски ракети „Калибар“ од подморницата „Колпино“ во Црното Море.

На снимката се гледа дека вежбите се одржани на бурно море. Подморницата се спушти во водата. Од борбениот брод на Црноморската флота што го вршеше надзорот нејзината посада доби команда за практично гаѓање. Во наредната снимка ракетите излетуваат надвор од водата.

Како што соопшти службата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на Руската Федерација, подморницата „Колпино“ на вежбите во Црното Море во близина на брегот на Крим извела гаѓање со крстосувачки ракети „Калибар НК“.

Како дел од планската борбена обука посадата изврши удари по крајбрежни и поморски цели. Ракетите ги погодија целите кои се наоѓаа на брегот на подрачјето на полигонот Опук и на еден од поморските полигони на Црноморската флота.

Безбедноста на реонот ја обезбедуваа 20 бродови и придружни пловила на Црноморската флота, како и авиони на морнаричката авијација.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња