Стручњакот за оружје на концернот „Калашников“ Георгиј Губич ја тестираше руската автоматска пушка АК-201 со стандардните за НАТО-оружјето куршуми со калибар 5,56х45 мм.
„Калашников“ АК-201 има прилагодлив кундак, пластичен телескопски нишан, ергономичен ракофат и регулатор на стрелба, како и две „Пикатини“ шини за монтирање дополнителна тактичка опрема.
За да докаже дека оружјето работи во кои било услови, стручњакот најпрвин ја закопа пушката во песок, ја остави 15 минути да голта прашина, ја потопи во кал и, на крај, истрела рафално 12 полни шаржери. Но, дури и по чадот и вжештувањето на цевката, АК-201 функционираше исправно и стрелаше прецизно. Уверете се и самите во ненадминатата сигурност на оваа пушка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче