„Роскосмос” патентира вселенски апарат кој може да го менува обликот

Pixabay
Руската државна корпорација „Роскосмос“ патентираше вселенски апарат способен да го менува обликот во случај на приближување на странски шпионски сателит. Овие иновации ќе помогнат да се намали неговата видливост со намалување на рефлексивната површина на соларните панели.

Панелите ќе ја менуваат формата од правоаголник во полукружна форма. Тоа ќе му овозможи на апаратот да го избегне интересот на странските сателити-инспектори, соопштува телевизиja „Ѕвезда”.

„Полутопките на соларните батерии го штитат вселенскиот апарат така што се намалуваат неговите рефлектирачки карактеристики во однос на сондажното ласерско зрачење на апаратот-инспектор“, се вели во образложението на патентот, кој е регистриран во Федералната служба за интелектуална сопственост.

Откако ќе помине покрај инспекторот, вселенскиот апарат повторно го добива својот првобитен облик.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња