Превласта на Русија во однос на НАТО кога е во прашање бројот на тенкови е условена од потребата на оваа држава ефикасно да ги заштити своите огромни граници. Тоа не се однесува само на нејзините западни граници, туку и за затворањето на далекоисточниот и јужниот правец, и во тоа нема ништо чудно, изјави за интернет-порталот РИА „Новости“ директорот на Центарот за светска трговија со оружје (скр. ЦАМТО) Игор Коротченко.
Неодамна американскиот специјализиран интернет-портал We Are The Mighty соопшти (повикувајќи се на податоците на GlobalFirepower.com) дека Русија има на располагање дури 22 илјади тенкови, додека во исто време НАТО-алијансата има „само“ 11 илјади тенкови (или 18000, ако ги додадеме САД и Канада).
„Тука нема ништо што не е веќе познато. Вооружувањето на руската армија, поточно на нејзините оклопно-механизирани единици, е структурирано за ефикасно да ја заштити комплетната територија на Руската Федерација“, рече Коротченко.
Тој потсети дека со ваквите типови на текстови Американците „се обидуваат да ја прикажат Русија како земја со агресивни намери“, што не одговара на вистината.
Експертот забележува дека превласта на Русија во бројот на тенкови во однос на НАТО не е остварена пред неколку години или пред една или две децении. Општо е познато дека советската армија имаше поголем број тенкови во однос на НАТО-сојузот во целина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче